Кина започна со изградба на џиновскиот стадион во Гунџоу, на кој ќе можат да бидат сместени повеќе од 100.000 гледачи.
Овој проект го продолжи својот развој и покрај пандемијата на коронавирусот и доколку се оди според планот, стадионот ќе биде отворен кон крајот на 2022 година. Кога ќе се заврши, оваа арена ќе биде еден од најголемите фудбалски стадиони во светот, надминувајќи ги димензиите на „Камп Ноу“ од Барселона, кој во моментов се реновира.
Финансиран од фирмата Evergrande , овој стадион е дизајниран од Hasan a. Syed директор за дизајн во канцеларијата Gensler во Шангај. Избран за победник меѓу многу други проекти, конечниот дизајн има форма на лотос, што е исто така репутација на угледот на Гуангжу, кој е познат како Град на цвеќето.