Кога ќе речеме Issey Miyake, првото нешто што ни доаѓа на ум е исклучителниот, интелигентен дизајн, кој не води до легендарните модни парчиња…
Сето горенаведено беше искористено кога иконската торба Bao Bao со потписот на овој бренд беше во процес на создавање. Таа потекнува од експериментите на дизајнерот со ткаенини и градежништво, каде што идејата за ригидни триаголници кои креираат случајни форми при движење навистина се оддржа.
Оригиналната Bao Bao Issey Miyake колекција на модни додатоци, беше лансирана во 2000 година, а денес го славиме неjзиниот прекрасен дваесетти роденден.
Новата серија содржи стилови како Lucent Frost нежна текстурна торба која е достапна во поатрактивни, живописни нијанси, Carton која е најмала од сите понудени, а може да се носи на повеќе начини, Crystal Mat која содржи комбинација од кожа и мат триаголни парчиња и конечно, Crunchy, која може да се носи преку рамото или како tote торбичка.
Сите парчиња од новата серија ја задржуваат специфичната естетика што ја карактеризираше првата од нив.