Можеме да се согласиме дека Ријана оддамна е многу повеќе од поп-ѕвезда и дека нејзината убавина и модна империја е брилијантно конструирана деловна приказна која носи нешто свежо, поинакво и смело. И покрај пандемијата на коронавирус која го забави секој аспект на бизнисот, Fenty се враќа со одлична нова колекција која сумира сè што е модата – индивидуалност и уникатност!
Ријана ја најави новата колекција на Инстаграм профилот на модната марка, за која можеме да кажеме оправдува сè што очекувавме. Посебна карактеристика на колекцијата лежи во фактот дека таа ќе излезе на пазарот во рок од три различни датуми, односно на 11-ти и 18-ти јуни и 15-ти јули, така што единствената работа што ни преостанува е да со нетрпение да чекаме, не се сомневаме, ќе понудат многу потребна свежина и интересна естетика.