![]() |
Сведоци на минатото |
Покрај природните убавини, Македонија изобилува и со многу споменици на култура и археолошки локалитети кои се сведоци на едно дамнешно минато и се мошне интересни да ги видите. Следуваат некои од најинтересните локалитети во нашата држава кои навистина вреди да се посетат. |
Скопски Аквадукт |
Скопскиот аквадукт се нарекува и Јустинијанов аквадукт бидејќи се претпоставува дека го изградил Јустинијан I, во период од 527 – 554 година. Друга претпоставка е дека е изграден во 16 век за време на отоманската империја. Аквадуктот се наоѓа северно од центарот на град Скопје на одалеченост односно 5-6 км по земјен пат.Во својата архитектонска композиција во правец север – југ содржи две пристапни рампи, 53 столбови, 54 основни и 42 помали сводови на затекнатите олеснувачки затворени и отворени отвори над столбовите. Вкупната развиена должина на споменикот на културата изнесува 387,98м со висинска кота на Јужната рампа 279,46м и на Северната рампа 280,485м или со денивелација од 1,025м во постојната состојба. |
|
Кокино |
Мегалитската опсерваторија Кокино се наоѓа во североисточниот дел на Мекедонија, во близина на границата со Србија. Таа се наоѓа во атарот на селото Кокино, на границата со селото Арбанашко. Целиот регион денес е ретко населен, така што во десетината околни села живеат помалку од 1000 жители. Во поширокиот регион регистрирани се голем број на археолошки наоѓалишта од неолитскиот до средновековниот период. Тоа значи дека целиот регион има историја во должина од најмалку 6000 години преполна со значајни населби, светилишта, настани и личности. |
|
Исарот |
Археолошкиот локалитет Исарот се наоѓа во непосредна близина на селото Марвинци, седум километри југозападно од Валандово. |
|
Баргала |
Старата античка населба со градски карактер со името Баргала се наоѓала кај Долни Козјак, Штипско. Овој град бил разурнат при крајот на 4 век, но просторот не бил напуштен. Археолошките наоди покажуваат дека жителите подигнуваат нов град кај Горни Козјак, кој станал епископско седиште во 5 и 6 век. Епископскиот град Баргала е разорен од аваро-словенските напади, но набрзо потоа повторно населен. Црковната традиција на старото епископско седиште продолжила во словенскиот период на овој простор. |
|
Хераклеа |
Хераклеа Линкестис е еден од позначајните антички градови во Македонија. Градот егзистирал повеќе од еден милениум. Формиран е во средината на IV век п.н.е. од страна на Филип II Македонски како важен стратешки пункт.Во ранохристијанскиот период (IV-VI в. н. е.) Хераклеа била епископско седиште. Некои од нејзините епископи се забележани во актите на неколку црквени собори. Така, епископот Euagrius се споменува во актите на концилот одржан во Сердика во 343 година, епископот Quintilius на соборот во Ефес во 449, а епископот Benignus во Цариград во 553 година. |
|
Стоби |
Стоби, подигнат на местото каде што Црна Река се влева во Вардар. Најголемиот град во северниот дел на римската провинција Македонија. Подоцна станува главен град на провинцијата Macedonia Secunda. Значаен, урбан, воен, административен, трговски и религиозен центар на две империи. |
|
![]() |
Имајте убав ден!
Содржината е превземена од Public Room. |