Еколошките модели на Pangaia тренерките се тренд на Инстаграм кој ја одбележа оваа сезона, а доколку сакате да ја додадете оваа тренерка во вашата гардероба, мора да бидете на списокот на чекање затоа што сè е распродадено.
Прашањето за екологијата во модата не смее да се игнорира, а брендот Панџа тоа го знае многу добро, базирајќи ја својата понуда исклучиво на облека направена од рециклирани материјали.
Името Pangaia го содржи зборовите „”Pan” на старогрчки јазик, што значи „сè“ и “Gaia”што значи Мајка Земја. Ги обожуваат познатите личности и тоа со добра причина, Pharell Williams, Bellа Hadid, Kourtney Kardashian …
Научниците, дизајнерите и другите експерти од брендот „Панџа“ работат заедно за да создадат нови технологии и иновации кои создаваат биоразградливи и рециклирани материјали и ткаенини, како и фабрика која минимално ја загадува околината.
Нивната цел е да создадат zero-waist кружен систем и облека за живот и да ја потенцираат важноста на размислувањето за потеклото на облеката што ја купуваме.
Оваа година, тие ја започнаа #PangaiaChangeMakers, глобална кампања која ги поканува сите да го променат светот на подобро.