Доаѓањето на топлите и сончеви денови дефинитивно нè поттикнува да консумираме поздрава и полесна храна, а нашите омилени овошни салати се наметнуваат како одличен, во исто време вкусен и здрав избор.
Бидејќи не постои универзален рецепт за овошна салата затоа што можете да ставите се што ќе посакате, сепак има неколку докажани комбинации на кои секогаш се враќаме! Како што споменавме, овошните салати се одличен избор за сите оние кои не сакаат да планираат оброци. Овие вкусни порции витамини се одличен сојузник во губење на тежината, а исто така ќе ви помогнат да консумирате што е можно помалку слатки и слична храна со многу калории, што потоа влијаат на изгледот и општата состојба на организмот. За да може секоја овошна салата да биде подеднакво вкусна и интересна, никогаш не користете исто овошје, туку играјте со различни вкусови затоа што не се сомневаме дека конечниот резултат ќе биде повеќе од задоволителен. Подготвивме рецепт за нашата омилена овошна салата со малини!
Состојки:
– Малини
– Банана
– Јаболко
– Јагоди
– Манго
– Киви
Подготовка:
Подготовката на оваа, но и секоја друга салата, е повеќе од едноставна. Сè што ви треба е овошјето да се излупи и исецка на мали парчиња, а потоа да се измеша заедно. Количината на секое овошје е произволна, а целата салата можете да ја зачините на крајот со сок од лимон, лажица мед или рендан ѓумбир!