Пролетните трендови се полни со класични, светли, беж нијанси кои ќе посакате да ги пробате дома.
Подгответе се за топли пастелни бои, графики и многу „шик“ металик нијанси.
Некои од хит нијансите се бебешка розова, во тонови на кожата кои можете да ги нанесете во два слоја.
Подолу ви ги носиме боите на лакови за нокти кои ќе владеат во пролетната сезона, а сигурни сме дека ќе најдете барем еден совршен за себе.
Боја на пудра
Ноктите во боја на кожата се враќаат во голем стил, но само во бои што одговараат на бојата на вашата кожа, така што прстите ќе изгледаат подолги и поелегантни.
Сјајна мешавина
Трендсетерките сè уште се опседнати со лакови со светки, а во своето пролетно издание светките добиваат нови бои, форми и големини
Сина
Сите нијанси на сина боја ќе бидат популарни оваа пролет – од бебешко сина, тиркизна до темно сина.
Фуксија боја
Ќе се носи во неколку верзии, со светки, бисерен ефект, но и во мат издание.