Како изгледаат најмодерните поштенски марки во светот?
Лондонската дизајнерка Mary Katrantzou е носталгична за времето кога рачно пишувавме писма и лепевме поштенски марки на коверти.
Поштенските марки станаа главна инспирација за нејзината нова рекламна кампања, која ќе ги интересира не само сите љубителите на модата, туку и филателистите.
Глобалната пандемија со COVID-19 ја спречи Katrantzou да направи традиционална кампања со модели, но дизајнерката и нејзиниот тим дојдоа до паметно и ведро решение. Инспирацијата, како што се гледа во цртежите, извлечена е од стари поштенски марки, за многу предмети од колекцијата.
Искористувајќи ја оваа можност, би сакале да искажеме благодарност до дизајнерката која толку елегантно и шаренолико, уште еднаш ја врати нашата верба дека годинешниов летен одмор дефинитивно ќе се случи.