Јапонската фирма за дизајн „Нендо“ неодамна ја заврши изградбата на уникатен дом, „Stairway House во Токио, создаден за три генерации на исто семејство.
Архитектите кои ја дизајнирале оваа уникатна три-катна зграда објаснија дека истата може да се пофали со скалила кои поминуваат низ целата фасада на зградата, создавајќи впечатлива структура која има за цел да се прошири и да се приклучи на околината и градот.
За изградба на скалите во внатрешноста на куќата се користел челик, а на отворениот дел скалилата се изградени од бетон.
Целото скалило е украсено со низа растенија кои евоцираат чувство на стаклена градина.
Приземјето на куќата е доделено на постарата брачна двојка, додека горните два ката се за помладата брачна двојка и нивното дете, а скалилата ги обединуваат сите нивоа на куќата, спречувајќи ги станарите да се чувствуваат изолирани едни од други.
Помалите простории се скриени во внатрешноста на структурата, како што е и вистинското скалило кое се користи за пристап до повисоките катови на куќата, а за разлика од смелиот дизајн на скалилата на куќата, мебелот е комплетно едноставен.
Предниот дел на куќата е исто така минималистички со фасади изработени целосно од прозорци.