Кога ќе се спомене познатата француска кујна, лаиците ќе помислат на некое сложено јадење со состојки чие име тешко можеме да го изговориме, а камоли да се најде во продавниците. Сепак, познавачите знаат дека генијалноста честопати лежи во едноставноста, па затоа ќе препорачаат еден француски класик познат како – киш.
Личи како наша пита, а за тестото ви требаат само 125 гр путер, 180 гр остро брашно и 2 – 3 лажици ладна вода.
Посебен вкус му дава празот, ефтина намирница. Сепак, освен празот, можете да користите и моркови, сланина, спанаќ…
За полнење, покрај 1 кг праз, подгответе малку гриер сирење, или кое било друго тврдо сирење, 1 лажица гриз, 3 јајца,чаша павлака, малку мелено морско оревче, сол и бибер.
ПОСТАПКА
За тесто:
Измешајте го путерот и водата со брашното, месете го тестото и оставете го фрижидер 30 минути. Потоа направете кора во круг со дијаметар од 24 см и подгответе тркалезна тава за печење, како за пита.
Од празот исечете ги коренот и старите лисја, потоа на половина по должина и исечете ги на прстени. Празот се вари во зовриена вода со сол додека не омекне. Извадете и исушете го на хартиена крпа.
Изматете ги јајцата со павлаката, сол, бибер и додадете го морското оревче. Изрендајте го сирењето или исечкајте го на мали коцки. На кората прво ствете го гризот и сирењето, потоа празот и јајцата со павлака. На крајот изрендајте го преостанатото сирење.
Печете околу 30-35 минути на 180 степени, а сервирајте секогаш топло, дури и подгреано Ова француско јадење оди одлично со бело вино.