Во околности на вонредна состојба нашиот уметник Сашо Блажес, кој неуморно и континуирано работи, направи интересна изложба од свои дела со наслов ‘ПОД СТАКЛО’-цртежи направени во изолација која ја претстави на публиката преку видео запис.
Почитувани,
Ве поканувам да ја проследите изложбата на цртежи која носи наслов ПОД СТАКЛО-цртежи направени во изолација. кога секој ден го гледаш преку стакло и пробуваш да го почуствуваш мирисот на ветерот, вкусот на снегот, зачинот на сонцето.. Гледав во мојата градина преку стакло, ги гледав мачките како се бркаат низ цвекињата, мравките како ми го крадат семето на зацртаниот тревник ……
Нема поголемо” казна” за еден творец од излолација.
Време посветено во трагање на природата во себе.
Сашо Блажес
Почитувани, Ве поканувам да ја проследите изложбата на цртежи која носи наслов ПОД СТАКЛО-цртежи направени во изолација. кога секој ден го гледаш преку стакло и пробуваш да го почуствуваш мирисот на ветерот, вкусот на снегот, зачинот на сонцето.. Гледав во мојата градина преку стакло, ги гледав мачките како се бркаат низ цвекињата, мравките како ми го крадат семето на зацртаниот тревник ……Нема поголемо'' казна'' за еден творец од излолација. Време посветено во трагање на природата во себе.#sashoblazes #art #stayathome #zavodimuzejohrid #drawingsinisolation #седисидома #exhibitiononline #artinisolation
Posted by Saso Blazeski on Thursday, 23 April 2020
САШО БЛАЖЕСКИ,(1980) е роден во Охрид, Македонија
-Едукација:
2002-2006 – Факултет за ликовна уметност Букурешт,Романија.
2006-2008– Магистерски студии -Факултет за ликовна уметност Букурешт,Романија.
-Работен ангажман:
Од 2015– Кустос во Н.У. Завод и Музеј-Охрид
-Самостојни изложби:
2019
Обоена колекција на радост-МАНУ, Академија на науките и уметностите на Рапублика Северна Македонија, Куќа на Уранија, Охрид;
Обоена колекција на радост, фестивал Струшки вечери на поезијата, Хотел Дрим, Струга;
Обоена колекција на радост, КИЦ ,Културно –информативен центар, Скопје;
2018
Чудниот рај КО-РА галерија,Скопје,Македонија;
2017
Папата и новата кукла Галерија Коџоман Н.У.Музеј д-р Никола Незлобински Струга , Македонија;
Страст за носталгија ,PCB Галерија-Берлин, Германија.
Страст за носталгија Галерија Робевци Н.У.Завод и Музеј-Охрид.
-Награди и признанија
2017
Иком-Признание за придонес во зачувувањето на културното наследство
2016
Почесна награда за графика – Интернационално графичко биенале Букурешт,Романија;
2011
Почесна награда за графика – Интернационално Биенале на графика Јосиф Исер –Романија;
2004
Втора награда екс-либрис Џорџе Енеску-Бакау-Ромaнија.
*Голема благодарност до уметникот за отстапениот видео и фотографски материјал*.