Појавата на пандемија на коронавирус во голема мерка го промени нашиот секојдневен живот. Со тоа, промените се дел од скоро секој ден од нашите животи, вклучително и во исхраната, која треба да биде со повисок квалитет.
Припремата на smoothie е вистински наједноставен начин за зголемување на внесот на овошје и зеленчук, а покрај неговата едноставност, тоа е многу вкусно јадење. Пијалокот е вистински доказ за тоа колку здравите оброци можат да бидат моќни во подобрување на имунитетот. Пијалок е одличен за зајакнување на енергијата, особено ако деновиве слабо спиете. Храната што содржи „зелени пијалаци“ е богата со витамини, минерали и антиоксиданти, на пример спанаќот е идеален за зајакнување на имунолошкиот систем, додека краставицата ќе го контролира нивото на шеќер во крвта.
Подолу рецепт за green smoothie за подобрување на имунитетот.
Потребно е:
1 грст спанаќ
1/2 краставица
1 чаша зелен чај
2 лажици мед
1/2 лимон
Подготовка: Темелно исчистете го спанаќот, излупете го и исечете ја краставицата колку што е можно посилно, а потоа ставете ги сите заедно во блендер. Кога зелениот чај ќе се олади, додадете го во блендерот. Додадете лимон и мед и повторно измешајте за да ги соедините сите заедно.