Одлична идеја кога децата треба да се убедат да јадат!
Мајка на три ќерки, авторка на книга за готвење е позната по тоа што прави неверојатни оброци за своите деца. Фантазијата на оваа жена е неограничена. Со помош на парчиња нори морска трева, сланина и зеленчук, таа ја претвора едноставната кајгана или јајце на око во вистинско уметничко дело.
„Сакам моите деца на овој начин да се сеќаваат на различните настани од нивниот живот – гледање филм или прв снег, цветање на сакура или средбите со баба и дедо. Се обидувам да го забележам секој важен настан за нив, на маса, со помош на нивната омилена храна “, пишува таа на својот блог.
Но, појадокот не е ограничен само на јајца. Оваа мајка пече колачиња во форма на Дизниевите јунаци, минијатурни пржени зеленчуци, претвора едноставно варено јајце во Снежана, прави палачинки со „цртеж“ од Вини Пу, и тестенини од јајца со ликови на нејзиите мали девијчиња.