Во последниве години, терариумите станаа исклучително популарни. Се почесто се дел од дизајнот на ентериери во кои се повеќе среќаваме минијатурни зелени оази.
Предноста на терариумите е тоа што никогаш нема да морате да ги наводнувате, па затоа тие се идеален избор за оние кои сакаат растенија без обврски во нивниот дом, но и за оние чии што растенија едноставно не успеваат. Терариумските растенија ќе растат со текот на годините и ќе го украсуваат вашиот дом, а покрај тоа што визуелно се привлечни, ќе го подобрат и квалитетот на воздухот во просторот во кој се наоѓаат. Терариумот треба секогаш да биде поставен на светло место, на место не директно на сонце.
Колекцијата терариуми понудена од англискиот производител The Urban Botanist е една од најубавите и целосно ќе ве воодушеви со својот широк спектар на производи.