На насловната страница на американското списание Vogue се најде популарната израелска филмска ѕвезда Гал Гадот. Актерка го слави својот 35-ти роденден на крајот на месецот, а најубавиот подарок го доби токму од ова американско списание. Таа позираше пред објективот на контроверзната и ексцентрична фотографка Ени Лејбовиц за мајската корица на најиконскиот светски моден магазин.
Стилинџ го потпишува Тоне Гудман, додека Ренато Кампора е одговорен за нејзината фризура.