На 15 април (среда) во 20.00 часот online на Facebook и на YouTube каналите на нашата виолинистка Пламенка Трајковска ке биде одржан концерт со наслов Виолина и филм.

На концертот Трајковска во свој стил и низ мултимедијално online доживување ке
ги оживее прекрасните музички теми од познатите филмови Кум, Џемс Бонд,
Титаник, Пиратите од карибите и многу други теми . Концертот претставува вистинско музичко уживање на љубителите на филмската музика.

Во време на Ковид пандемијата нашите музичари се обидуваат и понатаму да
создаваат. Карантинот ги принуди тие своите креативни зафати да ги пласираат online.

Нашата еминентна виолинистка Пламенка Трајковска најпрво пласираше ведри
популарни композиции на својот Facebook профил. Потоа таа се зафати да реализира покрупен проект и резултат на тоа е online концертот со наслов Виолина и филм.

Креативните мултимедијални музички програми и употребата на музичките
технологии се одговор на Пламенка Трајковска во постојаната потрага по
новото доживување на класичната музика. Ковид пандемијата дополнително
ја инспирираше Пламенка брзо да најде начин на доближување на сопствените музички креации до најшироката публика во услови на социјална дистанца.

Пламенка Трајковска е автор на единствениот музички албум во кросовер
музиката со наслов Апасионато, музичкиот албум за деца Карневал на животните и синглот Светулки. Како виолинист соло и заедно со своите мали камерни состави има настапувано на сите сцени во Македонија и има настапувано во Франција, Хрватска,
Србија, Грција и Танзанија.

Со почит,

Пламенка Трајковска

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТВ-серијата „Зоки Поки“ почнува со емитување на 4 мај на МРТВ
Следна објаваИзраелската убавица Гал Гадот ја краси насловната на Vogue
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ