Рита Ора е голема љубителка на модата која често изненадува со своите екстравагантни комбинации на облека, а пејачката сега повторно изненадува со сопствената колекција на чевли, дизајнирана во соработка со Џузепе Заноти.
“Сакавме секој пар чевли да изгледа инспиративно и забавно, а жените во нив да се чувствуваат слободни и моќни, во исто време и секси”, рече Рита Ора, на церемонијалната презентација на колекцијата во Лос Анџелес, Беверли Хилс.