Првата асоцијација на жолтата боја е сонцето и оваа топла боја има моќ веднаш да го подобри расположението.
Затоа, кога наутро се будите со замор и без енергија, најдобар начин да се стимулира активноста на вашето тело и ум е да почнете од облеката. Ви препорачуваме да облечете нешто жолто.
Жолта кошула за работа, светло жолт фустан за на кафе, тенок жолт ремен како додаток на монохроматски комбинации или жолти чевли, кои ќе ги направат вашите чекори полесни.
Оваа пролет, жолтата, едноставно се носи насекаде. Одберете ја вашата омилена нијанса на жолта и храбро зачекорете во пролетните денови.
Жолтата боја е одлична за комбинирање, меѓутоа, ако не преферирате жолта од глава до пети, комбинирајте ја со црни, бели или други пастелни нијанси. Исто така, можете да изберете модни додатоци во оваа енергетска боја.