Останувајќи лојален на својот афинитет кон величествените мотори од триесеттите години на минатиот век, Серџ Буено го реставрираше арт-деко моторот и го претвори во целосно функционално парче уметност, наменет за љубителите на мотори…
Овој мотор првично бил дизајниран од страна на Џорџ Рој и за прв пат бил претставен на Парискиот саем во 1929 година, каде бил еден од најпопуларните новитети на настанот. Иако официјално бил пуштен во производство следната година, немал добра продажба и компанијата го повлекла во 1933 година.
Буено, кој е одговорен за современата креација на овој модел, го имал во своја сопственост овој модел од триесеттите години. Кога решил да го реставрира, знаел дека ќе помине многу време во работилницата, но вистински предизвик за него била реконструкцијата на телото на овој мотор, кое било целосно уништено од ‘рѓа. Без оригинални резервни делови, Буено имал само фотографии како референци по кои работел.
Благодарение на неговата страст и труд, уникатната структура на овој мотор е повторно родена и изгледа елегантно, како туку што излезен од производствениот погон.
Во новиот дизајн француските специјалисти за мотори, Бернадет, создадоа и простор за уште еден патник, но не на задниот дел на моторот, туку од страна. Мораме да признаеме, дека сето ова изгледа многу интересно.