Women’secret ја започнува сезоната со креации кои се направени за да ја
истакнат секси страната на секоја жена на софистициран и суптилен начин.
Со завршувањето на летото исполнето со разнобојност, есенската колекција нуди
монохроматска палета во која доминира црната боја како симбол на заводливост и
сензуалност.
Секогаш грижејќи се за што поголема атрактивност, во комбинација со одлично
чувство на пријатност, кај градниците новитет е кадифето, присуството на
повеќе рамки и збогатениот дизајн на корпите. Долгите сатенски ноќници, во
комбинација со боди од тантела или тул се вистински погодок за оваа сезона.