Се е околу тоа како си ја поставуваме перспективата на животот.
Една навистина ведра девојка по своето дипломирање одлучува да направи патување околу неколку познати светски дестинации. Типично, нели?
Она што изненадува е фактот што на оваа девојка и била ампутирана ногата на четири – годишна возраст поради ретка болест на коската. Својата протетска нога со спреј ја избои црна, како црна училишна табла и со креда во боја го испишуваше името на секој град кој ќе го посетеше. На фотографиите може да се забележи нејзината ведрина, среќа и исполнетост со животот кој го има. Таа е вистинска инспирација за сите нас!