И покрај тоа што е еден од најдобро опремените аеродроми во светот, аеродромот Changi во Сингапур наскоро ќе добие повеќе нови луксузни подобрувања. Новиот терминал од 134 илјади м2, треба да биде завршен до 2019 година.
Новиот терминал, кој ќе се вика Jewel е со вредност од 1, 7 милијарди долари. Ботаничка градина со 1400 дрвја и стаклено дно, од каде ќе може да се набљудува овој прекрасен аеродромот од птичја перспектива, затворен водопад, спектакуларен светлосен и звучен шоу, кој ќе се одржува секоја вечер, ќе направи секој патник да посака да се заглави на овој терминал.