Вечерва со почеток во 20:00ч во Јавна соба ќе се одржи изложба на фотографии од Александар Димитровски насловени како “Темјанот и несвесното – стапица за за нераскажани приказни”.
За оваа изложба на фотографии на Александар Димитровски, накусо даде осврт Бојан Иванов – историчар на ументност:
“Сетилата ја бележат минливоста на формите, нивната нетрајност во времето. А помнењето…тоа е претстава за некоја настојчиво присутна состојба, за некаква секогаш наново прераскажана ситуација во просторот на искуството. Густиот чад од кадилницата и тешката миризба на темјанот се само проста стилска фигура, обична суровина за илузтрација на плитките темели под длабоко врежаните сеќавања. Значи, еве ја задачата: да се фотографираат спомените за коишто не постоат други сигурни сведоштва освен самата фотографија”.
Влезот за изложбата е слободен за сите љубители на уметничката фотографија.