Хотелот Тhe VIEW Lugano e место од соништата…
Со прекрасен поглед на езерото Лугано, овој шармантен рај на врвот од брдото, претставува луксузен животен стил. Откако е отворен во 1997 година, овој хотел на своите гости им нуди неверојатни сензации, совршено место надвор од градот.
Хотелот се наоѓа над прекрасното езеро Лугано, во престижниот дел Paradiso Hill со 18 големи апартмани, кои се спектакуларни од секој агол, штом ќе ги видите.
Хотелот се наоѓа над прекрасното езеро Лугано, во престижниот дел Paradiso Hill со 18 големи апартмани, кои се спектакуларни од секој агол, штом ќе ги видите.
Извонредниот VIEW ресторант во овој хотел е спремен да ги разбуди сите ваши чула со иновативните и превкусни специјалитети, одличната услуга и фантастична атмосфера. Кога еднаш ќе го доживеет ова искуство, елегантниот хотелски бар ќе биде идаелна локација за уживање во еклектичната понуда на коктели пред спиење.
Сепак, ноќта ќе биде се уште млада за некои, затоа ви советуваме да се упатите кон хотелскиот спа центар, каде ќе бидете размазени и ќе ви угодуваат до бескрај. Таму ќе ги пронајдете сауната и амамот, солената соба, таласотерапијата и многу други привилегии. Сигурни сме дека ќе бидете импресионирани!