Новите колекции на линиите на Hugo Boss пристигнаа. Новата сезона носи трендови кои во моделите на BOSS се реинтерпретирани на софистициран начин задржувајќи ја автентичноста на брендот, но внесувајќи и свежа енергија за нови почетоци.
Во линијата на Hugo Boss особено доминантна е каки бојата-модерна и неутрална, лесно прилагодлива на сè што носите.
Колекцијата на Boss Orange нуди модели кои пренесуваат млад, ведар дух и асоцираат на студентските денови. Неизбежните фармерки, маици со апликации, бомбер јакни и други впечатливи модели за префинет, лежерен изглед.
Како и секоја сезона, колекција на Boss Green има спортска линија. Лесните јакни се водоотпорни и дополнети со интересен принт на стилизирани бранови.
Во колекцијата HUGO преовладуваат неутралните тонови и разиграни растителни принтови кои ги балансираат земјените бои.