Ако сакате да го поминете тестот на симпатично додворување на нетипичен начин, тогаш тоа не може да го сторите без да испратите ваква картичка за фамозниот ден на вљубените! PJ McQuades е уметникот којшто стои зад креацијата на картичките, магнетите, налепниците и постерите кои што во главна улога ги имаат pop-culture ѕвездите. Неговата колекција GEEKTASTIC вклучува ликови од Војна на ѕвездите, Господарот на прстените и Хари Потер – проследени со неколку сродни и убави зборови.