Доколку размислувате за купување или изработка на нова кујна сега е идеално време да го направите тоа, бидејќи од месец март конечно во Македонија пристигнува еден од најпознатите европски производители на кујни Аrredo3. Љубителите на елегантни, функционални, добро стилизирани и познати италијански кујни сега добиваат можност да ја пронајдат својата идеална кујна од богатата понуда на реномираниот италијански производител која е поделена во две линии: модерни и класични кујни кои загарантирано може да задоволат сечиј вкус.
Италијанскиот производител Arredo3 повеќе од 30 години на европскиот и светскиот пазар пласира кујни со исклучително добар дизајн од високо квалитетни материјали. Модерните и класични италијански кујни се достапни во повеќе од 120 комбинации на бои изработени од различни внимателно одбрани материјали. Она што е заедничко и за двете линии на кујни е фактот дека сите се еколошки, опремени со најмодерни БЛУМ механизми.
На листата на партнери – агенти на Arredo3 конечно се наоѓа и нашата земја, благодарение на архитектонското дизајн студио Култ Дизајн. Имено веќе од следниот месец сите модели на овие уникатни прекрасни кујни ќе им бидат достапни на сите македонци кои во својот дом посакуваат да имаат модерна или класична кујна, која пред се изгледа како уметничко дело, а истовремено е високо функционална создадена да ги задоволи сите потреби на едно семејство.
Во галеријата во прилог погледнете дел од богатата понуда на модели на Arredo3.