Што е она што и’ дава посебна италијанска нота на кујната? Повеќето Италијанци имаат одличен вкус за уредување, што соодветствува на нивната љубов кон домот и семејството. Како целина, нивните домови се елегантни, пријатни и добро стилизирани, балансирајќи помеѓу убавиот изглед од една страна, како и максималниот комфор и функционалност од друга. Ниту катчињата за готвење не се исклучок, а производителите на мебел и кујнски елементи на најдобар начин го рефлектираат тоа, потврдувајќи го врвниот квалитет на модерниот италијански дизајн. Во продолжение, ви претставуваме 25 современи теми за уредување на кујни со мала и голема површина. Тие се отворени, уредни и практични, со линеарен и геометриски дизајн, а со фини акценти и завршетоци кои се заслужни за индивидуалноста и уникатниот амбиент во просторот. Погледнете ги фотографиите и пронајдете ја омилената идеја за вашиот дом.