За денес имаме една вест која ќе ги израдува љубителите на книжевноста. Легендарната куќа на Марк Твен во која тој ги напишал своите најпознати дела е отворена за сите оние кои имаат желба да пишуваат. Куќата се наоѓа во местото Хартфорд во Конектикат и претставува вистинска инспирација за уметниците, особено писателите. Во куќата ќе се одржуваат писателски сеанси четири пати годишно, во кои писателите ќе се обидат да пронајдат инспирација за нивно сопствено книжевно дело, и тоа на истото место каде најчесто пишувал Твен, во библиотеката. На веб-страницата на куќата е достапна и виртуелна прошетка низ нејзината внатрешност.