Италијанскиот бренд за долен веш Yamamay, со нежната романтика и функционалната елеганција, како да ги слуша сите желби и потреби на жените, нагласувајќи ја нивната убавина.
Големиот избор на стилови и дизајн, ви овозможува на најсуптилен начин да ги нагласите најатрактивните карактеристики на своето тело.
Fashion линијата, претставува отелотворување на префинетост и заводливост. Колекцијата ги прати новите трендови, изработена е од најквалитетни материјали и големо внимание е посветено на деталите.
Колекцијата Yamamay пролет 2017та е полна со прекрасна тантела и меки материјали кои повикуваат на допир. Нежните нијанси на пастелните неглижеа, совршено се вклопуваат во приказната за утринското будење на природата, додека богатите бои ја истакнуваат препознатливата заводливост на овој бренд. Долниот веш во бисерно белата боја и деталите од тантела, се за незаборавно искуство и романтика.
Долниот веш, моделите за спиење, како и моделите за дома – сите можат совршено да се комбинираат за создавање на еден пријатен, заводлив и провокативен изглед.
Во продавницата на Yamamay во Skopje City Mall и во Ramstore освен големиот избор на долен веш за жени, ќе најдете и долен веш и пижами за мажи со заводлив крој.
п.с. Моментално има -50% попуст на женската и машката колекција