Илустрациите на уметникот Федерико Бабина ни се веќе добро познати. По неговите измислени куќи во кои ги смести познатите режисери, како и домовите во кои се сместени некои од најпознатите сцени од филмовите, во најновиот негов серијал, Architale, тој ни ги прикажува куќите во кои живеат ликовите од цртаните филмови. Погледнете какви домови Бабина, кој и самиот е архитект, им смисли на нашите омилени ликови, преку овие интересни илустрации.