Ви претставуваме симпатично уреден стан со површина од 41 метри квадратни, кој е олицетворение на познатата скандинавска едноставност. Со интересниот распоред и одличниот план на просториите, овој стан е многу повеќе од класична гарсониера. Удобната и пространа дневна соба, малата трпезарија и белата кујна во форма на латиничната буква ,,L’’, сочинуваат една единствена целина во ентериерот, каде доминираат неутралните бои и минималистичките дрвени акценти. Спалната соба, пак, иако функционира како посебен простор, отворена е кон дневниот прeстој, поради што природната светлина напречено циркулира во домот, налик на еднособен стан. Во продолжение, погледнете ги фотографиите и инспирирајте се од убавите идеи кои ги нуди неговиот естетски и практичен дизајн.