Во екот на новогодишните и божиќните празници, домот не е единственото место кое доживува трансформација. Хотелите ширум светот, независно од климатската зона, културата и обичаите, подеднакво добиваат свечено празнично руво. По тој повод, секој од нив се труди да ,,преслече’’ ентериерот, но и надворешноста на што пооригинален, пријатен и комфорен начин. За сите светски патници, како и пасионираните љубителите на патувањата и архитектурата, ви претставуваме селекција на прекрасно украсени хотели долж светските меридијани. Секој од нив има поинаква празнична тема, со изобилство од новогодишни украси и светлечки декорации, кои ја оживуваат магијата на зимата и убавата славеничка атмосфера. Погледнете ги фотографиите и уживајте во празничното расположение!