Свечениот, празничен маникир треба да биде посебен. А за тоа како точно ќе изгледа, одлучувате вие самите. Доколку сакате маникир на тема новогодишни и божиќни празници, постојат безброј начини да експериментирате со празничните зимски мотиви. Снегулки, ирваси, новогодишна елка, капата на Дедо Мраз, традиционалните лижавчиња, снегот – препуштете се на вашата желба и мечти. Играјте си со нијансите: ноктите со снегулки може да бидат не само снежно-бели, туку и во боја на злато или црвена нијанса – не постојат ограничувања. Како инспирација, ви нудиме 80 необични идеи кои може да се пронајдат на социјалната мрежа Инстаграм. Одберете ја омилената тема за вашиот празничен маникир.