Оваа сезона, популарниот шведски бренд H&M се враќа на своите скандинавски корени, а новата колекција изгледа навистина неверојатно. Во кампањата доминира рустичниот амбиент, па акцентот е ставен на плетивата, крзнените детали, како и кадифените парчиња, во класичната црвена, бела, сребрена и златна боја, кои се фаворити за периодот околу Нова година и Божиќ. Како што може да се забележи во каталогот, од една страна е рустичната топлина, а од другата се модерните и елегантни сиви, црни, златни и сребрени тонови. Празничната колекција е и мошне практична, бидејќи аксесоарите може да се комбинираат во секое катче од ентериерот, но и надворешноста на домот, за вистинска магична божиќна атмосфера. Пронајдете ја омилената новогодишна тема за важиот животен простор.