Големата природна или вештачка елка, украсените новогодишни венци и црвено-зелената комбинација на бои се декорот кој традиционално се врзува за одбележувањето на престојните празници. Сепак, постојат многу други алтернативни начини за да го внесете празничниот дух во својот дом, кои се подеднакво убави и свечени, а сепак инвентивни и посебни. Дел од нив се и мошне лесни за подготовка, а материјалите и инспирацијата можете да ги пронајдете насекаде околу себе. За таа намена, ви претставуваме низа креативни примери и инспиративни предлози за уредување на домот во пресрет на новогодишните и божиќните празници – секој од нив зрачи со среќа, оптимизам и љубов за испраќање на старата, и дочек на новата година во домот. За поинакви стилски теми, погледнете ги и првиот дел, вториот дел и третиот дел од серијата објави посветени на идеи за празнично украсување на домот.