Има ли нешто поубаво од топол дом кој зрачи со празнично расположение? Студенилото во воздухот надвор, неминовно бара создавање на топло и удобно прибежиште, идеално за споделување мигови со семејството и пријателите, особено во текот на новогодишните и божиќните празници. По тој повод, ви претставуваме низа нови креативни примери и инспиративни предлози за уредување на домот во пресрет на празничните денови кои се на прагот. Голем дел од нив се и еколошки, а за нивната изработка се користат природните материјали, како што се: дрво, гранки и кора од дрво, шишарки, јута и памук. За поинакви стилски теми, погледнете ги и првиот дел и вториот дел од серијата објави посветени на идеи за празнично украсување на домот.