По инспиративните примери кои ви ги прикажавме во првиот дел, ви претставуваме уште повеќе креативни идеи за внесување на празничната идила во домот. Во ентериерот, дневниот престој и трпезата претставуваат средиште на случувањата, па се најпригодните места за поставување на декоративните детали и украси, претворајќи ги во комфорен и пријатен простор за споделување на убавите мигови со најблиските. Без оглед на тоа дали ќе се одлучите за топол празничен камин, чорапчиња за подароци, интересно накитена новогодишна елка, шарени сијалички и свеќи или креативни пораки на еден од ѕидовите, ќе создадете пријатна атмосфера подготвена за пречекување на гостите. Истовремено, не заборавајте ниту на интимните простории, како што е спалната соба, но и на екстериерот од вашиот дом, како градината, балконот и влезната врата. Пронајдете ја омилената идеја и вдахнете прекрасна празнична нота во секое катче од животниот простор.