Како и секоја година во студениот декември, Victoria’s Secret одново ги загреа срцата на своите женски, но и машки обожаватели со пригодна божиќна кампања и видео. Adriana, Alessandra, Elsa, Lily, Jasmine и Josephine се убавиците кои го снимија симпатичното промотивно видео за празничната кампања на омилениот бренд на припадничките на понежниот пол. Овојпат, како музичка подлога е искористена познатата божиќна песна “Santa Baby”, а ангелите мамат возвишки, танцувајќи облечени во долна облека од специјалната празнична колекција.