Секоја година, земјите ширум Европа го прегрнуваат празничниот дух, претворајќи ги нивните метрополи и историски плоштади во магична царства на светлината, раскошните украси, величенствените новогодишни елки и долговековните свечени традиции. Европските божиќни саеми канат со греено вино и вкусна храна, колоритни слатки и декорации, рачно изработени подароци и традиционални занаетчиски изработки, а во некои градови, пак, поставени се и лизгалишта и грандиозни екрани кои забрзано одбројуваат до почетокот на новата година. Во продолжение, ви претставуваме како изгледа атмосферата во 20-те најубави божиќни пазари во Европа, каде празничната магија веќе е во полн сјај. Уживајте во прекрасните сцени и одберете го омиленото сценарио за вашето следно патување.