“Стадо” е смешна сатирична комедија за животот зад камерата.
Често повеќето драми им претходат на филмските или ТВ-драмите кои ги гледаме. Неизлечиви ентузијасти, слепи за објективните околности, ја ставаат на коцка својата егзистенција и сакаат да направат големо уметничко дело.
Ова е приказна која може да биде кажана на многу јазици и во многу земји, па дури и во различно време. До сјај и гламур на црвениот тепих на гала премиерата не се доаѓа преку рози, туку компромиси, борба, дури и пакт со ѓаволот, ако е потребно.
,,Стадо’’ е базиран на вистинска приказна која баш во овие моменти се одвива околу некој сличен проект, и ќе се одвива се додека постојат уметници, и се разбира, држава каде тие уметници егзистираат.
Ова е прво режисерско дело на Никола Којо, кој ја игра и главната улога, а четворката талентирани и искусни актери ја сочинуваат уште и Зоран Цвијановиќ, Весна Тривалиќ и Наташа Нинковиќ. За својот деби филм, Којо ќе рече: “Стадо е метафора за нас глумците, па и за народот и за начинот на кој пропаѓаме морално и понекогаш не се браниме од препреките во животот“ .
Премиерното прикажување на „Стадо“ пред македонската публика бешe на 01.12.2016, по што филмот е поставен на редовната кино програма во Cineplexx.
Divianarts.com е медиумски покровител на кино Cineplexx МК.