Модниот бренд Caprisa во зимската колекција има торби кои ќе го развеселат секое женско срце. Прекрасната црвена боја доминира во поеќето линии, во светла нијанса како и популарната бордо, со детали од метал во боја на злато. Sвезда на колекцијата е модерната и впечатлива Exille торба, икона на брендот, во издание со текстура од синтетички материјал, со елементи во раскошните златни нијанси.
Caprisa ја продолжува соработката со Penélope и Monicа Cruz, а лимитираната колекција со потпис на славните сестри се состои од торби со цврста конструкција во елегантните монохроматски изданија, како и тренди плиш варијанти. Гламурозните детали во боја на златото, на секоја чанта и додаваат посебна доза на раскош.
Секоја торба на Caprisa може да се персонализира со помош на различните привезоци со иницијали или пом-пом топчиња и друго, како би одговарале на единствениот стил на секоја жена.