Студиото за дизајн Sturlesi Design од Tel Aviv и Jaffа, дизајнираше преубави декоративни ноќни лампи. Инспирацијата настана од идејата за едноставен и оригинален дизајн за ноќна и амбиентална расвета. Изработени од акрилни стакла функционираат подеднакво како и оптичките влакна – доволно е да се запали едната страна и акрилното стакло ќе ја доведе светлината до другата страна, дури и кога акрилот е гравиран.