За космополитите кои се гурмани и ги сакаат мексикански вкусови, им препорачуваме да уживаат во центарот на Скопје на улица ‘’Македонија’’, во мексиканскиот ресторан “Amigos”. Овој ресторан дефинитвно е поинаков свет на мириси и зачини, а истовремено е култно место во градот.
Дизајнот на мексиканскиот ресторан “Amigos” е тематски и амбиентален, со многу боjа, иконски мотиви и декор, како и соодветен мебел. Рустикалниот стил одава топлина со портокалово-жолтите sидови, циглата, сините детали, мексиканските плочки и керамиката. Тешко дека некој ресторан во градот има толку автентична атмосфера, која го пренесува духот на Мексико. Би рекле дека ова е вистинско место за уживање во нашето Скопје.
Менито е збогатено според сезоната: можете да нарачате специјалитети од тиква – салата со тиква, блага пасирана тиква со мед и ореви и сервирана во крцкава тортиља.
Нас лично не воодушеви редовното мени и мноштвото салати, исто така сервирани во крцкава тортиља (се разбира, секоја салата може да се нарача сервирана по ваша желба).