Модните блогерки од “Скопје Се Носи”, “Miss Urban Vibe by Miss Eliot” и “Fsquared” со здружени сили да го доведат Скопје до претпразнична модна кулминација. Без разлика дали сте расположени за префинет ретро-шик изглед, луксузна софистицикацијаили можеби романтичен street style стајлинг, овие стилски дами го имаат токму она што можеби на сите по малку ни недостасува: Претпразничо расположение и неколку стилски модни совети кои дефинитивно ќе не натераат да се замислиме што сакаме да си подариме за празничните денови оваа година.
Така, доколку сте расположени залежерно, предпразнично попладне во опуштена атмосфера, одлучете за софистициран стајлинг кои одлично прилега и во деловни прилики, но и за празнични пригоди на секоја префинета жена.
Бунда – Max & Co, Панталони – Liu Jo
Во нашите очи, овој стајлинг ја краси онаа смела и динамична жена која знае што сака, поседува сопствен став за нештата, има изграден вкус и рафиниран начин на живот.
Чевли – Liu Jo
Ролка – Max & Co,
За да додадете луксузно-софистициран спин на вашиот претпразничен стајлинг, одлучете се за сина чанта од италијаснкиот бренд Liu Jo – must-have парче од најновата колекција на брендот.
Чанта – Liu Jo
Но доколку чувствувате поголема наклонетост кон парискиот –шик изглед, тогаш ви предлагаме да се одлучите за динамичен стајлинг кој вклучувакомбинација одпанталони на висок струк во цигла боја со софистициран, строг крој и линија, вивиен кошула со ѕвонести ракави, релаксирачки џемпер погоден за повеќеслојно комбинирање, ретро кафени чизми и очила за остар интелект.
Панталони – Max & Co,Кошула – Max & Co
Џемпер – Pennyblack, Каиш – Pennyblack
Бразлетни – Max & Co
Капут – Max & Co
Чизми – Max & Co
Веруваме дека романтичниот стајлинг е она што не прави да се чувствуваме женствено во сивото секојдневие. Затоа, Ви предлагаме да се одлучите за романтичен стајлинг од цветен фустан и урбана Max&Co парка, кои го спојуваат романтизмот и младоста на духот во романтично и шик street style издание за време на претпразничните, викендашки прошетки во градот.
Парка – Max & Co
Фустан – Max & Co
Доколку сте расположени да комбинирате со различни бои и стилови, одлучете за окер чанта од италијанскиот бренд Карписа кој одлично се вклопува во речиси секоја модна комбинација.
Чанта – Carpisa