Празниците се ближат, а со нив и специјалните колекции наменети за церемонијалните и свечени прилики. Елегантни костуми за кавалерите, а префинети фустани за дамите, се најновите модели кои модната куќа Hugo Boss им ги понуди на своите купувачи – за беспрекорен и непогрешлив изглед во текот на престојните новогодишни и божиќни прослави.
Совршените класични кроеви и малиот црн фустан кој никогаш не излегува од мода остануваат заштитен знак на овој бренд, а Clément Chabernaud и Frederikke Sofie се главните актери во најновата празнична кампања. Погледнете го и промотивното видео коe премиерно беше претставено за таа намена.