Спалната соба е најинтимната просторија во домот. Во неа започнува и завршува денот на секој од нас, па од особена важност е катчето за одмор и релаксација да биде средено и декорирано по сопствена волја. Ентериерот во голема мера влијае на расположението, а амбиентот во спалната соба е првото нешто што го гледаме по отворањето на очите, но и последната слика со која заминуваме на спиење. По мноштвото креативни предлози за модерен дизајн на спални соби, овојпат акцентот го ставаме исклучиво на минимализмот како стил на уредување. Ако имаме предвид дека основната намена на спалната соба е да биде катче за одмор и ослободување на мозокот од обврските и грижите на секојдневието, тогаш просторијата со чисти линии, удобен мебел и многу малку декорации е совршена за таа цел. Ви претставуваме 40 примери за уредување на спалната соба во минималистички стил, кои воодушевуваат со едноставноста, смиреноста и комфорот кој го нудат. Погледнете ги фотографиите во галеријата и пронајдете ја омилената тема за вашиот дом.