Сината е боја која не многу често се користи за уредување на кујната. За сината се смета дека е смирена и релаксирачка боја, односно најсоодветна за оние соби чија намена е одмор и опуштање. Од друга страна, постојат и оние за кои сината медитеранска боја евоцира спомени на лето и море, поради што сакаат да ја имаат насекаде во својот дом, па и во катчето за готвење. Во продолжение, ви го претставуваме нашиот избор на сини кујни, издвоени од понудата на најдобрите европски производители. Погледнете ги фотографиите и инспирирајте се!