Проектирањето на соба за едно или повеќе деца не е нималку лесна задача, особено во простор со скромни димензии. По 23-те дизајнерски идеи кои ги издвоивме во првиот дел, ви претставуваме уште повеќe примери за уредување на мала детска соба. Станува збор за детски катчиња со едноставен, но мошне убав и уникатен дизајн, каде иновативните парчиња мебел и вертикалното искористување на просторот се покажуваат како добитна формула. Секоја соба има различна тема и индивидуалност, благодарение пред се’ на изборот на бои и детали, обединувајќи ги естетиката и функционалноста на најдобар можен начин. Инспирирајте се од нашите предлози во продолжение и пронајдете ја омилената идеја за вашите најмили.