Уредувањето на дом за младо семејство со дете е предизвик за мноштво дизајнери. Станот кој ви го претставуваме во продолжение е вистински пример за животен простор каде е постигнат совршен баланс помеѓу естетиката и функционалноста. Станува збор за стан со површина од околу 80 метри квадратни, кој делува многу попространо од неговата реална големина, благодарение пред се’ на добриот распоред и паметните дизајнерски интервенции. Секоја просторија има различна тема, текстури и бои, што му дава интересна колоритна динамика на ентериерот. Преградните полици се особено практична идеја, како и убавите решенија за складирање. Погледнете ги фотографиите од овој инспиративен дом и дознајте што се’ се наоѓа во неговата внатрешност.